АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Од неодамна во Горна Белица функционира ски лифт

Атракција и многу заеднички мигови поминати на падините на Горна Белица. Место кое е недалеку од Струга и изобилува  со чиста и недопрена природа.

Од неодамна на снежните падини на ова место поставен е ски лифт, кој претставува причина повеќе да се посети ова идилично место. Да се слушне детскиот џагор, да се вдише чист планински воздух.

-Постои голем интерес за ски лифтот, а идејата е лично моја како претседател на МЗ , вели Симон Грданоски , додавајќи дека ски лифтот е купен.

Воедно како голем поддржувач на ваквите зафати се јавува и клубот „Триатлон и пливачки клуб 3 дисциплини“.

Притоа како што додава Грданоски, месната заедница има голем број планови за идниот развој на ова планинско место.