сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Во моментов повторно интервенција на ТППЕ Охрид и НП Галичица за евакуација на луѓе од заглавени возила на Галичица – втор ваков случај денес

Во моментов повторно интервенција на ТППЕ Охрид – Пожарна и Национален парк Галичица за евакуација на луѓе од заглавени возила на Галичица, втор ваков случај денес. За жал, ниту апелите, ниту сообраќајната сигнализација, не се доволни за одредени наши сограѓани, кои упорно се обидуваат да одат спротивно од правилата, прописите, разумот и логиката. Уште еднаш апелираме до Јавно претпријатие за државни патишта, најитно да дозволи поставување на физички бариери (рампи), на оние места, на кои согласно сообраќајната сигнализација, сообраќајот е целосно забранет.

Извор: ФБ Ohrid red cross – Mountain Rescue Service