МакедонијаНаш ИзборНаш изборОхрид

Претепан секретарот на клубот Цар Борис Трети ? !

Европатерникот Андреј Ковачев вчера преку статус на ФБ објави тврдење во кое стои дека бил претепан секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Во постот се вели дека тој е пренесен во болница и дека е известена полицијата. Нема детални информации каде се случил инцидетот за кој пратеникто тврди дека е инспириран од национана нетрпеливост. По социјалните мрежи се шират фотографии и тврдења со идентитет на наводно претепаниот член на клубот, но до овој момент официјална информација од СВР Охрид или други македонски државни иснтитуции нема.