среда, ноември 27, 2024
АктуелноОхрид

Насуфи: Општина Струга во 2023 влегува со дефицит од 317.670,00 евра

Денеска во Советот на Oпштина Струга ќе се изјасни за Буџетот на Oпштина Струга за 2023 година, врз основа на кој е предвидено да се потрошат 19.211.600,00 евра или 1.191.520.300,00 денари, пари кој треба да се соберат од граѓаните 18.893.940,00 евра или 1.191.265.300,00 денари, напиша на својот ФБ профил ФБ Лулзим Насуфи – претседател на АА – огранок Струга.

Во објавата Насуфи додава:

Значи во 2023 влегуваме со дефицит од 317.670,00 евра, односно 19.560.325,00 денари.
Главното прашање во овој момент, е каде и за што ќе се трошат овие народни пари собрани од граѓаните околу 19.5 милиони евра, и каква придобивка ќе чувствуваат граѓаните на Струга од овие потрошени средства?

Ви останува вас, почитувани граѓани, заедоно со нас, да бидеме набљудувачи, контролори, и судиите за транспарентното трошење на народните пари, а граѓаните се тие кои ќе треба да ги уживаат придобивките од потрошените средства.

извор: ФБ Лулзим Насуфи – претседател на АА – огранок Струга.