Зголемен е водостојот на реката Црн Дрим на мерното место кај Ложани. Вчера изнесувал 100 сантиметри, а денеска се измерени 129, додека на 115 е одредена просечната вредност за месец декември, покажаа најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
Зголемен водостој во однос на декемврискиот просек има и на реката Бабуна кај Богомила, како и на реката Струмица кај Сушево.
Намалување на водостојот во однос на вчера има на реката Вардар кај Јегуновце, од 148 на 136 сантиметри, како и кај Скопје ЖМ, од 145 на 125 сантиметри. Сепак, водостојот на овие мерни места сѐ уште е над просекот за декември.
УХМР бележи намалување на водостојот на реката Лепенец кај Влив, Вардар кај Демир Капија, Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Пелинце и кај Катлановска Бања, Крива Река кај Крива Паланка, Струмица кај Ново Село, Сатеска кај Ботун и на реката Радика кај Бошков мост.
Водостоите на Дојранско, Охридско и Преспанско Езеро не се променети во споредба со вчерашниот ден и се во рамки на просекот за декември.
извор: УХМР