Ако мислевте дека злоупотребата на државните институции, фалсификувањето дипломи и лични податоци го има само во другите градови, но не и во Охрид, сте се излажале. За жал и во Охрид се случуваат истите работи за кои сведоци сме изминатиов период се случуваат низ цела Македонија, незаконски избори и злоупотрeби со цел задоволување на личните интереси. Додека обичните граѓани мака мачат да дојдат до било каков документ од државните институции, одредени фукционери од СДСМ не само што без проблем ги добиваат туку и ги менуваат податоците за нивна лична корист. Таков е случајот со претседателката на СДСМ Охрид, Кристина Крлеска-Деспотоска и нејзиниот избор за раководител на Централниот регистар во Охрид.
Согласно Јавниот Оглас објавен за избор на Одговорно лице за работење – Раководител, каде стои дека кандидатот треба да има завршено високо образование Правни или Економски науки со најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен и најмалку четири години работно искуство во струката од кои (внимавајте добро) најмалку ЕДНА ГОДИНА НА РАБОТНО МЕСТО ВО ЈАВЕН СЕКТОР.
Претседателката на СДСМ Охрид не ги исполнува погоре наведените критериуми за избор на раководно лице во Централниот регистaр. Согласно евиденцијата од Агенцијата за вработување Крлеска-Деспотоска нема доволно работно искуство во струката на работно место во јавен сектор.
Имено за да се заобиколи системот Крлеска-Деспотоска својата партиска позиција ја има искористено за вршење притисок во Агенцијата за вработување, односно работното искуство кое го има стекнатo како ПОМЛАД РЕФЕРЕНТ ЗА ПЛАН И АНАЛИЗА, да го запише како ЕКОНОМИСТ ЗА АНАЛИЗА И ПЛАНИРАЊЕ. Ако се земе предвид дека согласно систематизацијата на работни места во Јавна администрација, не постои систематизирано место ЕКОНОМИСТ, туку постои Помлад референт, Референт, Виш Референт, за кои е потребно диплома за завршено средно образование, понатака во другата група за кои е потребна факултетска диплома се Помлад соработник, Соработник, Виш соработник, итн… се доаѓа до заклучот дека Претседателката на СДСМ ОХРИД, свесно го менува називот на работно искуство со цел да го прикаже како работно искуство во струката на работно место во јавен сектор, бидејќи Помлад референт согласно систематизацијата на работни места во Јавен сектор е место на кое е потребно диплома од Средно образование.
Во случајот со јавниот оглас за избор на раководител на Централен регистар Охрид, потребно е минимум една година работно искуство на било која позиција од другата група за која е потребна диплома од завршено Високо образование, односно факултетска диплома.
Крлеска-Деспотоска, согласно нејзиниот договор за вработување во ЈП „Охридски комуналец“ од 9.5.2012 година до 10.11.2017 година е на работно место РЕФЕРЕНТ ПО ПЛАН И АНАЛИЗИ, а по завршување на нејзиниот мандат како Директор на ЈП „Градски пазар“ од 12.11.2021 година повторно се враќа на позицијата ПОМЛАД РЕФЕРЕНТ ПО ПЛАН И АНАЛИЗИ.
И во двата случаи работното искуство кое го стекнува Претседателката на СДСМ Охрид е со СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ. Што се однесува на работното искуство како Директор на ЈП „Градски пазар“ тоа не се смета за искуство во јавниот сектор, согласно Член 2 , Став 3 од Законот за вработени во Јавниот сектор кој гласи:
„Функционерите, односно лицата кои добиле мандат да извршуваат функција на претседателски, парламентарни или локални избори, лицата кои добиле мандат да извршуваат фунцкии во извршната или во судската власт преку избор или именување од Собранието на Република Македонија или од органите на локалната власт, како и други лица кои согласно со закон се избрани или именуани на функција од носителите на законодавната, извршната или судската власт, во смилса на овој закон, НЕ СЕ СМЕТААТ ЗА ВРАБОТЕНИ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР“.
Оттука, изборот на претседателката на СДСМ Охрид, Кристина Крлеска-Деспотоска за Раководител на Централен регистар – Охрид е НЕЗАКОНСКИ. Ние за овие незаконски дејствија ја поседуваме документацијата од која јасно може да се утврди претходно наведеното и за истата ќе го известиме со претставка Трудовиот инспекторат и Агенцијата за спречување на корупција. Ги повикуваме сите надлежни институции да преземат мерки, а претседателката на СДСМ ОХРИД, Кристина Крлеска-Деспотоска, да покаже доблест и уште денес да се повлече од раководната позиција во Централен Регистар и од политичкиот живот.
На Македонија, Охрид и охриѓани не им требаат непочитувачи на пропишаните законски решенија, истакна пратеничката Лидија Петкоска на денешната прес конференција.