По повод 5-ти декември, Светскиот ден на волонтеризмот, Црвен крст Охрид во понеделник, 5.12.2022 г. во периодот од 11-20 ч. организира ОТВОРЕН ДЕН за ВОЛОНТЕРИ.
Преку дружење и разговори со наши волонтери од 7 до 77 годишна возраст, присутните ќе можат да се запознаат со изворите за мотивација за волонтирање и да го препознаат клучот на успехот на Црвен крст Охрид кој се огледа токму во искрената посветеност на волонтерите на нашите активности, одвојувајќи дел од своето слободно време, дел од себе, од својата стручност, професионалност, за помош на ранливите категории на луѓе.
Ги покануваме нашите сограѓани, пријатели, помагатели на Црвен крст Охрид, активните волонтери и оние кои имаат желба да постанат волонтери на Црвен крст Охрид, без разлика на возраста, да го препознаат волонтерот во себе и бидат дел од овој настан на кој ќе се истакне значењето на волонтерската активност и дејствување, и волонтерството како глобален феномен и фундаментална човечка вредност која ги развива основните постулати на граѓанското општество: почитување на разликите, хуманоста, одговорноста за други, одговорноста за своето мислење, одговорноста за својот избор.
Црвен крст Охрид