недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

СВР за несреќата во која беа повредени вработени во ЈП Водовод: Три лица се повредени од кои едно со тешки телесни повреди

На 01.12.2022 година во СВР Охрид е пријавено дека, во 08.40 часот на улицата „15 корпус“ во Охрид, од товарно моторно возило „Ман“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 60 годишно лице  од Охрид, испаднал дел од товарот што го превезувал врз паркирано возило „Шкода Ромстер“ со охридски регистарски ознаки, а потоа врз А.К.(39), У.А.(55) и М.Н.(50), сите од Охрид, вработени во ЈП „Водовод“, кои тука изведувале градежни работи. Повредените се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде е констатирано дека А.К. и У.А. се здобиле со телесни повреди, додека М.Н. се здобил со тешки телесни повреди. На местото на несреќата увид извршила екипи од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид