АктуелноОхрид

Пронајден амфетамин и дигиталната вага со траги од кокаин и тетрахидроканабинол во домот на 39-годишен охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39 годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При претрес извршен во неговиот дом по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа амфетамин и дигиталната вага со траги од кокаин и тетрахидроканабинол.

извор: СВР Охрид