АктуелноОхрид

Приведен дилер на дрога во Охрид, прво се обидел да избега од полициските службеници, но бил фатен

На 20.11.2022 година во СВР Охрид, лишен од слобода е 40 годишен Охриѓанец. При контрола, претходно извршена на улицата „Пере Тошев“ во Охрид, тој се обидел да избега од полициските службеници, но бил фатен. При извршен преглед кај него пронајдени и одземени се кафеава прашкаста материја и предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид