Охрид е подготвен, да чекори силно и одлучно кон иднината, на чело со претседателот Димитар Ковачевски, кој цврсто, одлучно и храбро се исправи пред најголемите предизвици за нашата држава, порача на граѓанската трибина во Охрид, претседателката на ОО СДСМ Охрид Кристина Крлеска Деспотоска.
Крлеска Деспотоска нагласи дека помина една година откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде локалната власт во Охрид, помина една година на хаос, неработење, партизација, манипулација, популизам и евтина пропаганда.
Никаква реализација на ветените проекти за развој на градот. Наместо планови за надминување на кризата, рационално и домаќинско искористување на сите ресурси, имаа само планови за нови партиски вработувања, неоправдани договори со фирми, зголемување на цени на локални јавни услуги и препишување на заслуги за владини проекти, рече претседателката на ОО СДСМ Охрид Кристина Крлеска Деспотоска.
Таа се осврна на сработеното од претходната локална власт на СДМ, нагласувајќи дека тој период во Охрид имаше вистински инфраструктурен бум.
Ги Реконструиравме улиците „Јане Сандански“,”Македонски Просветители” , „Охридска Бригада“ , „Абас Емин“ , улицата „АСНОМ“”,15-ти Корпус” по сите современи стандарди. Изградивме и нова улица во поранешната касарна „Михајло Апостолски“. Работевме според приоритетните потреби и обезбедуваме реконструкција на објектите и набавка на училишна опрема. Изградивме современа Спортска сала во ОЕМУЦ “Свети Наум Охридски”.Изградивме нови детски игралишта на повеке локации во градот.Покажавме грижа во секој сегмент од општествено економско живеење, наведе Кристина Крлеска Деспотоска.
Работевме одговорно, чесно и домаќински за да овозможиме посовремени услови за живеење за сите граѓани, грижејќи се за природните, културните и духовните вредности. Носевме храбри и важни одлуки со кои се направи историски напредок. СДСМ бил, е и ќе биде секогаш на страната на граѓаните, додека ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од деструктивното и штетно дејствување.Тие знаат само да блокираат, да кочат важни закони за граѓаните во Собранието, да одмагаат наместо да помагаат, порача на граѓанската трибина во Охрид, под мотото „Силно и одлучно кон иднината“ претседателката на ОО СДСМ Охрид Кристина Крлеска Деспотоска.
извор: СДСМ