среда, ноември 27, 2024
АктуелноОхрид

Пецаков: На улицата „Марко Цепенков“ се поставува атмосферска канализација

Активности за изведба на атмосферска канализација, денес се одвиваат на улицата „Марко Цепенков“.
Должината на линијата е околу 500 метри, а вредноста е околу 5.900.000 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Деновиве на дел од улицата „7ми Ноември“ екипи на ЈП „Нискоградба“ изведуваат активности за партерно уредување на тротоарските површини, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

извор: ФБ Кирил Пецаков