недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

Александар Миленковиќ нов член на ракометниот клуб Охрид

Нов член во семејсвото на ракометниот клуб Охрид! Особено задоволство ни е што денес можеме да го претставиме српскиот интернационалец кој ќе го носи сино-белиот дрес!
ГРК ОХРИД потпиша со српскиот репрезентативен голман Александар Миленковиќ до 2024та година!
Миленковиќ има богата ракометна кариера и е огромно засилување на голманската позиција за ГРК Охрид! Доаѓа по 2 години минати во Израел, висок е 200cm, а тежок 125kg и има 6 официјални настапи за сениорската А репрезентација на Србија!