АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) 7 Ноември, Патронен празник на ЈП „Охридски Комуналец“

Дозволете ми на почетокот на сите да Ви го честитам денот на ослободувањето на градот Охрид, а на вработените воедно да им го честитам патрониот празник на ЈП Охридски Комуналец Охрид.
Според пишаните документи, првите зачетоци на претпријатието датираат од далечната 1952 година, а по направените статутарни промени денес ЈП Охридски Комуналец Охрид претставува единствен вршител на комунални услуги: собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад, одржување на јавната чистота и одржување на градските паркови и зеленило на територијата на општина Охрид.
Формирано од страна на Советот на општина Охрид, ЈП Охридски Комуналец Охрид има задача да обезбеди чист и уреден град и да се грижи за заштита на животната средина. Преку меѓусебна доверба, јасна и отворена комуникација и транспарентност, градиме однос со граѓаните и правните субјекти, а нивното задоволство и исполнување на нивните потреби за здрава и чиста околина претставува успех во нашето работење.
Остварувањата во изминатава година, од ноември 2021 од кога јавното претпријатие има ново раководство, па се до денес, потврдуваат целосна посветеност и грижа за Нашиот град и Нашите граѓани со одговорно и домаќинско работење.
Во периодот на Нашето работење, на многу начини го подигнувавме степенот на јавна чистота:
Соработуваме со невладини организации и еколошки здруженија, а потпишани се и меморандуми за соработка со истите како и со НП Галичица,
Организираме акции за подигнување на кабаст отпад,
Расчистени се над 600 мали и над 20 големи депонии, а подигнато е отпад во количина од 6.500 м3.
Обезбедувме услови за работа на чуварска служба на депонијата Буково,
После подолг период го решаваме проблемот со кучињата скитници (односно преку ангажирана фирма заловени се над 100 кучиња и истите имаат добиено хуман третман),
Многупати ја покажавме и ќе ја покажеме симболиката на солидраност и хуманост со разни донации во соработка со меѓуопштинскиот центар за социјална работа Охрид со донирање на огревно дрво, односно донирани се 130 м3 огревно дрво на над 40 семејства.
Поставени се рефлектори и камери за безбедно работење, како и за заштита од кражби,
После подолго време за сите вработени набавени се нови работни заштитни одела,
Ја намаливме потрошувачката на гориво и ги намаливме трошоците за резервни делови за механизацијата,
Трошоците за репрезентација ги сведовме на минимална потрошувачка,
Пред домашните и странските туристи се покажавме како добри домаќини во однос на одржување на чистотата во градот и одржување на парковските површини.
Уверен сум дека со тимска работа и заедничко залагање на сите вработени, и понатаму ќе продолжиме со успешното работење и остварување на зацртаните цели, како и одговарање на сите предизвици со кои ќе се соочиме во иднина.
Како благодарност за континуиран допринос и непрекинат работен стаж за 30, 20 и 10 години во претпријатието, доделуваме награди на 54 наши вработени.
Почитувани присутни, Ви благодарам што со Вашето присуство ја збогативте оваа Наша прослава и со чест и задоволство ги поканувам советниците при Советот на Општина Охрид заедно да ги доделиме јубилејните награди.”
-рече во своето обраќање в.д директорот Сашо Најдески.