понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноОхрид

Јапонска донација за гинеколошкиот оддел во Струга

Градоначалникот на општина Струга, Рамис Мерко,  го пречека Aмбасадорот на Јапонија г. Хиронори Савадa и директорот на Општата болница во Струга, г. Арменд Арслани со цел грант донацијата од јапонскиот народ за општина Струга, поточно Општа болница Струга.

-Со помош на Јапонската амбасада е набавен дигитален апарат за ултразвук во одделението за гинекологија во струшката болница, со вредност од 50.833 евра. Овој грант е во склоп на проектот за подобрување на медицинските услуги со кој ќе се подобри квалитетот на здравствената нега и ќе се скрати времето за преглед на близу 200.000 пациенти од југозападниот регион.-информираат од Општина Струга.

“Струга како град со добра атмосфера за инвестиции, како прва општина во целата држава со најмногу одобренија за градба, пример за мултиетнички соживот е секогаш добар избор за поддршка, инвестиции и донации, бидејќи ова е уште поголем поттик за нас како лидери и менаџери“, потенцираше градоначалникот Мерко.

 

spektra.com.mk