На 05/06.11.2022 во периодот од 22.00 до 04.00 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид полициските службеници затекнале 9 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-02, Кичево-07). Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни пријави.
извор: СВР Охрид