Наш ИзборНаш изборОхрид

Левица: Поднесовме иницијатива за поставување јавно осветлување во село Орман

На 31.10.2022 година членот на советот во Општина Охрид од политичката партија Левица – Виолета Аврамоска до претседателот на Совет на Општина Охрид – Сашо Донев поднесе иницијатива за поставување на јавно осветлување во село Орман, се вели во соопштението од Левица ЛО Охрид.

Образложение:

Загрозена е безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Жителите на ова село плаќаат 184 денари секој месец за јавно осветлување на локалната самоуправа, а се без улично осветлување. Овие жители заслужуваат достојни услови за живеење.

извор: Левица ЛО Охрид