НУ Библиотека „Григор Прличев“ и овој ноември со изложба на дел од нивното творештво ги одбележува родендените на роднокрајните автори родени во овој месец.
Пред пултот за зајмување од вчера е поставена изложба на книги од следните автори: Стојан Ристески, Димче Џајкоски, Димче Донески Дим – Дон, Севим Адем – Сана, Митре Велјаноски и Никола Митровиќ – Бабе.
Деновиве Библиотеката ќе започне со преуредување и нова обработка на богатото роднокрајно одделение и ќе направи ажуриран список на книги од роднокрајни автори и нивни дела.
Овие податоци подоцна ќе послужат за проширена обработка на творештвото на авторите од Охрид и нови библиографски изданија и стручни книги.
НУ Библиотека