Наш ИзборНаш изборОхрид

Левица Охрид: 150 илјади евра тежок тендер на ЈП Комуналец Охрид и Битолската ГРИН-ТИМ

Јавното претпријатие за комунална дејност Охридски Комуналец ја има ангажирано приватната комунална компанија Грин-тим од Битола за собирање на смет, метење на улици, миење на улици итн, се вели во соопштението од Левица ЛО Охрид.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Охридски Комуналец е јавно претпријатие организирано за извршување на комунални дејности на територијата на општина Охрид. Барем така пишува на нивниот веб сајт, дека нивниот спектар на активности опфаќа одржување на јавна чистота во градот и приградските населби. Но, наместо Охридски Комуналец да ги работи овие работи, ангажира фирма и плаќа 150 илјади евра за користењето на изнајмените возила. За 150 илјади евра Охридски Комуналец може да ги купи овие возила и истите да бидат во негова сопственост.

Ангажирањето на надворешни фирми е неоправданно, нерационално и неусогласено со можностите на претпријатието.

Јавното претпријатие Охридски Комуналец треба да е целосно оспособено за самостојно одржување на улиците што ќе резултира со заштеда на значителни средства.

извор: Левица ЛО Охрид