Одделението за фекално одржување редовно врши чистење на цврст отпад од шахти и сливници за одведување на фекална и атмосферска канализација.
При контрола на шахтите многу често се отстранува цврст отпад кој до колку од шахта прелие во цевковод прави запушување на мрежата и настанува дефект. Понатаму фекалиите се излеваат на улица или во нечиј двор или куќа на места каде нивото е пониско, како што беше случај со запушување на улицата Никола Карев каде жителите цел месец беа поплавени со фекалии. При пробивање и чистење беа извадени кршени стакла и друг несоодветен отпад кој во никој случај не би требало да се најде таму. Ова несовесно однесување на поединци повлекува огромни материјални штети, загрозување на здравјето на луѓето како и загрозување на животната средина. ЈП Нискоградба и понатаму ревносно продолжува со сервисирање на мрежата за одведување на отпадни и атмосферски води користејќи ги ресурсите кои ги има на располагање.
АПЕЛИРАМЕ ПО КОЈ ЗНАЕ КОЈ ПАТ, ГРАЃАНИТЕ СОВЕСНО ДА ПОСТАПУВААТ ПРИ ОДЛАГАЊЕ НА ОТПАДОТ БИДЕЈЌИ И УСПЕСИТЕ И НЕУСПЕСИТЕ ВО ФУНКЦИОНИРАЊЕТО КАКО ГРАЃАНИ НА ОВОЈ ГРАД ЗАЕДНИЧКИ ГИ ДЕЛИМЕ, информираат од ова Јавно претпријатие.