АктуелноОхрид

ЈП Водовод – Охрид поставува нова водоводна линија на улица „Дејан Војвода“

Во тек е поставување на нова водоводна линија на улица „Дејан Војвода “.
Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф110 во должина од 190 м, велат од ЈП Водовод – Охрид.

извор: ФБ ЈП Водовод – Охрид