АктуелноОхрид

Анкета на АВМУ за aвгуст-септември 2022 година: Супер радио и понатаму убедливо број 1 медиум во регионот

Со просечен неделен досег од 19,40% (во пораст од 1,75%) и дневен од 11,94 % (во пораст од 3,12%), охридското Супер радио и во периодот aвгуст-септември 2022 година останува водечки медиум во својот регион и еден од најпопуларните во Република Македонија.

Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални радио и Тв станици во вкупната слушаност и гледаност во периодот aвгуст-септември 2022 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) на Република Македонија.

Супер радио за помалку од еден месец влегува во 30. година од постоењето и останува водечки медиум во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ).

Потврда за успешната работа на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба во 2017 година за досегашната успешна работа и придонес за градот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес