На 11.10.2022 година во 22.55 часот, во близина на тунелот на регионалниот пат Охрид-„Св.Наум“, патничко возило „ланчија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 26 годишен жител од Охрид, излетало од патот и удрило во патничко возило „југо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 61 годишен маж, кое се движело на спротивната коловозна лента. Двајцата возачи биле префрлени во болницата „Св.Еразмо“, каде им била укажана медицинска помош и им биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.
извор: СВР Охрид