АктуелноОхрид

„Магна Мирорс“ отвори фабрика во Струга

Во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга денеска официјално беше отворена фабриката на канадската „Магна Мирорс“ во која ќе се произведуваат ретровизори за автомобили.

Премиерот Димитар Ковачевски на официјалното отворање рече дека новите инвестиции се потврда за успешните владини политики и во услови на најголемата светска економско-енергетска криза.

Ковачевски посочи дека новата инвестицијата во Струга за Владата е потврда за заложбите за рамномерен регионален развој, за нови добро платени работни места, а со тоа и нов стимул за нашата економија.

„Ваквите инвестиции се јасен сигнал дека Северна Македонија нуди предвидлив деловен амбиент за компаниите, за нови инвестиции. И според Индексот на ‘Инвестмент монитор’ за 2022 година, кој го споредува  бруто-домашниот производ во однос на странските директни инвестиции, постигнавме импресивни резултати. Како земја сме значително над глобалниот просек кога станува збор за привлекување гринфилд инвестиции. Речиси 90 проценти од инвестициите потекнуваат од нови проекти, додека останатите 10 проценти се од инвестиции за проширување. Инвестициите во обновливите извори на енергија се водечки сектор за влезни Странски директни инвестиции во земјава со седум проекти, а веднаш потоа на второ место се рангирани секторот за автомобили, софтвер и ИТ-услуги, секој со шест инвестиции. Ова е резултат на нашиот стабилен деловен амбиент, на членството во НАТО, како и на почетокот на преговорите со Европската Унија. За нас како Влада ова е силна потврда за успешниот концепт на ТИРЗ и Владата, кој го спроведуваме веќе 18 месеци. И во време на глобални предизвици, постигнавме договори од над 620 милиони евра инвестиции, што е речиси две третини од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години“, рече премиерот и упати порака до инвеститорите и покрај најголемата светска криза и предизвиците пред кои сме сите исправени, да ги искористат можностите и да го вложат својот капитал во Северна Македонија.

makfax.com