АктуелноОхрид

Пецаков: Нека е честит 11 Октомври! Нека е вечна Македонија!

Празнувањето на 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ и почетокот на Народноослободителната борба, денес продолжи со полагање свежо цвеќе пред спомениците на борците од НОБ.
Делегации на Општина Охрид, ОО на Сојузот на борците, пратеници во Собранието на Македонија, претставници на политичките партии на повеќе локации во градов положија свежо цвеќе и се поклонија пред великаните на НОБ.
Нека е честит 11 Октомври!
Нека е вечна Македонија, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

извор: ФБ Кирил Пецаков