недела, ноември 24, 2024
Актуелноглавни-вестиНаш изборНаш ИзборОхрид

Црвена Младина Охрид: Контроверзниот Бесник Османи со 51 година не можи да биди претседател на Комисијата за млади и спорт

Комисијата за млади и спорт при Општина Охрид разгледува прашања, за развојот и рекреативните активности на младите и за културни активности.

️ На функцијата Претседател на комисијата за млади и спорт при Општина Охрид е изгласан Бесник Османи (51), кој што е дипломиран правник по струка и нема допирна точка со функцијата што ја извршува.

️ Сметаме дека Бесник Османи не е компетентен да ја врши оваа функција, првенствено затоа што веќе не е млад човек (има 51 година), не ги застапува  во никој случај младите и младинските политики, не е никаков истакнат спортист (не е од спортската фела) и истиот е поврзан со низа скандали околу начинот на кој дипломирал. И по овие основи треба да си поднесе оставка и позицијата да ја препушти на советник кој вистински ги застапува младинските политики во Општина Охрид.

 

 

Црвена Младина Охрид