петок, ноември 22, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Меморандум за соработка помеѓу општина Охрид и Универзитетот „Св.Апостол Павле “

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, проф. д-р Иван Бимбиловски денес потпишаа меморандум за соработка.

Со овој документ двете страни се обврзуваат на воспоставување заедничка соработка помеѓу двете институции, реализација на едукативна, научна, апликативна и соработка со користење на модерните трендови на информатичко- комуникациските технологии во работењето на Општина Охрид. Реализација на заеднички проекти од научен, административен и развоен карактер. Претставување и имплементација на знаењата кои ги поседуваат студентите од прв и втор циклус на студии. Имплементација на најразлични облици на научно- истражувачка, информатичка и техничка помош. Организација на конференции , научни советувања , семинари и обуки од двете договорни страни и издавање соодветни сертификати за истите. Воспоставување апликативни активности од взаемен карактер, кон подобрување на процесот на работа.


Студентите од факултетите на овој Универзитет потписник на овој Меморандум, ќе можат да реализираат практична настава кај институцијата соработник. Практичната настава се состои од корисни и релевантни задачи и ангажмани во институцијата каде што истата се изведува. Соработката може да се прошири и продлабочува на предлог на секоја од договорените страни доколку за тоа постои заемен интерес.

 

општина Охрид