АктуелноОхрид

Градоначалникот Пецаков учествуваше на Форумот на градоначалници на УСАИД Македонија

Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков зеде активно учество на Форумот на градоначалници, организиран од УСАИД Македонија, на кој беа презентирани резултатите од алатката за само-оценка.

– Согласно мерењата, Општина Охрид доби оценка од 2,56, каде 1 е основно ниво на капацитет, а 3 високо ниво на капацитет. Проектот опфаќаше само оценка на општините за општинското финансирање, во кои е вклучено управување со општинските јавни финасии, планирање и извршување на буџетот, фискална транспарентност и отчетност, планирање и прибирање на приходи од сопствени извори и пристап до надворешно финансирање, информира Пецаков.

Настанот се реализира во рамки на проектот за „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“.

фото: ФБ Кирил Пецаков