АктуелноОхрид

Кривична пријава за жител од Драслајца – бил затекнат при вршење јавен превоз на патници без соодветна лиценца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53 годишен жител од струшкото село Драслајца поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола, извршена на 09.07.2022 на булеварот ,,Железничка“ во Охрид, полициските службеници го затекнале пријавениот при вршење јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган според Законот за превоз во патниот сообраќај.

извор: СВР Охрид