На 06.09.2022 во 03.05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 34 годишен жител од Охрид. Тој се сомничи дека претходно со употреба на физичка сила и подесен алат влегол во куќа во Охрид и одзел пари, накит и други вредни предмети. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: СВР Охрид
фото: Архива