АктуелноОхрид

Превентивни активности на СВР Охрид

Одделението за превенција при СВР Охрид, на подрачјето на ОВР Дебар деновиве ги реализираше превентивните кампањи – „Слави со срце, не со оружје“ и „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

Во рамки на активностите, полициските службеници од ОВР Дебар, ги посетија основните училишта на подрачјето на Дебар и ги запознаа најмладите какви се сообраќајните правила и прописи, а беа спроведени активности и со возачите со препораки за дополнителна претпазливост кога се во близина на училишта и градинки.

Целта, пак, на кампањата „Слави со срце, не со оружје“ беше низ непосредни разговори со граѓаните, да им се укаже на последиците од употребата на оружје на семејни веселби, како и околу казнените одредби поврзани со неовластена употреба на огненото оружје.

извор: МВР

фото: МВР