Реакција од советникот од Левица – Виолета Аврамоска.Истата ја пренесуваме во целост.
,,Во врска со изјавата на Претседателот на Совет на Општина Охрид, Сашо Донев, дека со поднесувањето на амандманите од моја страна , како советник на ЛЕВИЦА, се блокирала 15 Седница на Советот на Општина Охрид, ја информирам охридската јавност дека со поднесените амандмани е блокирана само точка 35 од дневниот ред од седницата,која се однесува на продажба на државно земјиште кај Мауцкер за 70 ден. по метар квадратен.
Апелираме до Претседателот на Советот на Општина Охрид да ја повлече точката 35 од дневниот ред на седницата, по што ќе бидат повлечени и поднесените амандмани.
Ваквата изјава на Претседателот на Советот на Општина Охрид, ги потврдува намерите на Локалната власт и на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, кој дрско и безобразно, користејќи го Охридскиот маратон, има за цел незабележано од охридската јавност, да помине продажбата на Мауцкер, кој патем кажано е археолошки локалитет, со цел остварување на лични интереси и профити .
ПОВЛЕЧЕТЕ ЈА ТОЧКА 35 ОД ДНЕВЕН РЕД.
ОХРИД НЕ Е ВАША СОПСТВЕНОСТ ЗА ДА ГО РАСПРОДАВАТЕ НА ВАШИТЕ СПОНЗОРИ И ФИНАНСИЕРИ !!!”
извор: Левица
фото: Архива