недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Жител од Дебар во добронамерна мисија, заедно со пријател го исчистија целиот брег од Дебарско езеро

Вреќи и вреќи ѓубре собра совесниот Бленд Троци од Дебар со помош на младиот Каја Сами. Потег кој стана вирален хит и е за секоја пофалба.

Бленд Троци од Дебар е наша инспирација на денот. Вљубеникот во велосипедизам бил разочаран од сцената на која налетал додека возел со велосипед во дебарско, па така со помош од младиот Каја Сами одлучил да го исчисти цел отпад кој го фрлиле несовесни граѓани.

„Кога ќе го започнеш денот со спортска активност и ненадејно ќе видиш загадена средина… Навистина не можам да го поднесам тоа. Му благодарам на Каја Сами за помошта.

Знаеме дека одмаздата на природата кон човештвото штотуку започна, но ние не знаеме колку сериозни ќе бидат раните кои ќе ги добиеме. За почист Дебар…“, стои во неговата објава на ФБ.

 

crnobelo.com