петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

Невремето „Откорна“ бандера на улицата „Радојца Новичиќ“

Силното невреме кое попладнево го погоди поширокиот регион на Охрид предизвика повеќе оштетувања во градот и околината.

Читатели на OhridPress до редакцијата испратија фотографии од падната бандера на улицата „Радојца Новичиќ“.

Апелираат на итна реакција, за да се избегнат несакани последици по жителите на овој дел од градот.

Охрид попладнево беше погоден од поголемо невреме, проследено со дожд и силен ветер.

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес