недела, ноември 10, 2024
АктуелноОхрид

74-годишна жителка на Охрид измамена дека ќерката направила сообраќајка и ѝ зеле 3000 евра

На 18.08.2022 година, 74-годишна жителка на Охрид, во СВР Охрид пријави дека околу 13 часот, телефонски добила известување за сообраќајна несреќа во која, наводно, била тешко повредена нејзината ќерка и дека итно ѝ биле потребни пари за помош и исплата на оштета. Според пријавеното, на едно лице кое дошло пред нејзиниот дом, таа му дала околу 3000 евра. Истиот ден, во СВР Охрид е пријавено дека повозрасна жителка од охридско село била измамена од едно лице, кое ѝ побарало и добило 300 евра, поради наводен долг на нејзиниот син кој живее во странство.
Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до граѓаните да бидат претпазливи во комуникацијата со непознати лица и да не наседнуваат на вакви и слични измами, да не им даваат пари на измамниците и сите сомнителни случаи веднаш да ги пријават во најблиската полициска станица или на бесплатниот телефонски број 112.

СВР Охрид работи на расчистување на пријавените случаи и пронаоѓање на сторителите по што ќе поднесе соодветни пријави.