петок, ноември 22, 2024
АктуелноОхридСоцијални Мрежи

Детали околу овогодинешното издание на Охридскиот пливачки маратон ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден

Охридскиот пливачки маратон e oбележје на Охрид, а со неговата долгогодишна традиција постана и државно и светско обележје. Затоа Охридски пливачки маратон треба и мора да се одржи.
На денешниот координативен состанок ги разгледавме сите можности за одржување на Охридскиот пливачки маратон, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

За оваа година правиме се’ што е во наша моќ за да се одржи маратонот, а за организацијата од наредната година мора да се променат работите бидејќи е очигледно дека ваквиот пристап не фунцкионира.
Она што во моментот е најважно да се обезбеди доволно време за пливачите да може да се организираат и да учествуваат на Охридскиот пливачки маратон, бидејќи без пливачи неможе да се одржи маратонот.
Нашите напори и заложби продолжуваат и во текот на денов за Охридскиот пливачки маратон и годинава ќе се одржи.
Детали околу овогодинешното издание на Охридскиот пливачки маратон ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден.

извор: ФБ Кирил Пецаков
фото: ФБ Кирил Пецаков