Веста за долгогодишната традиција во летниот период со која Охрид се гордееше а поодамнешните генерации се присетуваат како голем настан во градот, Охридскиот пливачки маратон кој годинва нема да се одржи како да погоди многумина особено охриѓани.
Не стивнуваат лавината коментари и постови на социјалните мрежи , но и напади кон надлежните а откажување на 60 годишната традиција на пливањето во Охрид.
Нашиот сограѓанин Ѓорѓи Љатко со своја објава на фејсбук групата „Муабети од Охрид“ се присети и описно го претстави доаѓањето н принцот од Кувајт во Охрид во далечната 1964-та токму за таа атракција наречена охридски маратон. Љатко помеѓу другото пишува:
-Некаде 1964 година на охридскиот маратон дојде принцот од Кувајт Ел Садах. Повозрасните ќе се сетат дека шеташе низ градот со поголема делегација. Ние како деца трчавме по него бидејќи даваше пари- главно црвени стодинарки.
На сликата е со тогашниот претседател на општина Охрид Никола Горичан. Фотографијата е земена од монографијата која ја подготвил Леко Радич.
Интересно е дека монографијата ја најдов кај еден од продавачите на книги на градскиот кеј пред неколку години.
Маратонот се одржуваше на 2 ри Август и ако добро се сеќавам стартот беше од пристаништето пред хотел Палас а стартот беше околу 5 сатот сабајле. Тие деној Охрид живеше за и со маратонот. Имаше гости од цел свет и за маратонот се пишеше низ многу познати светски списанија, стои во објавата.