Попладнево на „Булевар Туристичка“ во Охрид дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу едно лице од струшкото село Велешта и жител на Охрид кој во јавноста е познат како пејач на забавни и народни мелодии.
Неофицијално причина за тепачката биле не расчистени финансии.
Полицијата излегла на лице место, ги привела учесниците во нарушувањето и го процесуирала случајот во понатамошна процедура.