АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Сообраќаен колапс во Радожда – жителите бараат итно некој да го среди хаосот

Рибарското село Радожда се која година се поатрактивна дестинација за туристите. Селото стана познато по едни од најубавите рибни ресторани на самиот брег на Езерото кои нудат свежи пастрмка, крап или клен… Туристите ја открија привлечноста на Радожда, но… како до таму, или ако веќе одиш каде да го оставиш автомобилот.

Гужвата деновиве прави немир и кај гостите и кај жителите. Читатели на Охрид 1 испратија видео во кое се гледа голем метеж од автомобили кои неможат ни да паркираат ни да се разминат.

Велат: Опасноста не демнее на секој чекор дали утре ќе може да помине брза помош или со противпожарно возило?

Бараат надлежните итно да воспостават ред додека не е касно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by News1.mk (@news1.mk)

Инаку на западниот брег на Охридското Езеро, на 725m надморска височина, сместено е едно од најубавите рибарски села во Македонија, Радожда.

Високо во карпите при самиот влез во селото се наоѓа пештерската црква Св.Архангел Михаил. Храмот е буквално сметен во природна пештера. Од овде го има најубавиот поглед на Охридското Езеро.

Над самото село има зачуван дел од патот Виа Игнација – околу 100m, а селаните го знаат како калдрма.

извор: Охрид 1