На 25.08.2026 во 05:15 часот на улица ,,15 Корпус“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа С.Љ.(35) од Скопје и В.Ѓ.(52) од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека во куќа на истата улица го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
При преглед над нив, кај С.Љ. бил пронајден и одземен метален предмет.
По целосно документирање на настанот, против двајцата, ќе биде поднесена соодветна пријава.

















