петок, ноември 15, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

ОО СДСМ: Охридскиот плоштад е узурпиран со рекама за музичкиот фестивал „Охрид Колинг“

Охридскиот плоштад за прв пат оваа година наместо слободен простор за прошетка на граѓаните и туристите е узурпиран со реклама, односно повеќестрана информативна табла за музички фестивал “Охрид Колинг”.
На личното задоволство на Пецаков, а спротивно од одлуката на Советот на општина Охрид од 2019 година на која е одлучено во временскиот период од 15 јули до 15 август Општината да не субвенционира настани и фестивали.
Имено истиот кажа дека ќе ја отстапи инфраструктурната опрема на организаторите на настанот, што е согласно законските норми и акти, но го наметнува прашањето: Каде е тука бенефитот за Охрид и граѓаните ?
Во време на најголема светска економска, енергетска криза кога треба домаќински и рационално трошење на средствата, Општина Охрид не наплаќа за изнајмување на простор за фестивал, со што директно прават штета врз приходите на Општината, се вели во реакцијата на ФБ обајават на СДСМ Охрид.