сабота, ноември 23, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ВИДЕО) ЈП Охридски Комуналец ги интензивира активностите за одржување на јавната чистота

Поради зголемениот број на туристи и гости кои го посетуваат охридското крајбрежје ЈП „Охридски комуналец“ ги интензивира активностите за одржување на јавната чистота. Ангажирани се две цистерни за миење на улици, а како дополнување на тековните активности ангажирана е и метачка.

Со големата цистерна се врши миење на јавните површини согласно Програмата за работа, на локациите каде има поголема фрекфенција на луѓе и автомобили и на местата каде се одржуваат манифестации. Со малата цистерна се врши миење на површините каде пристапот е ограничен, односно потесни улици. Интензивно се врши и машинско метење на јавните површини, тротоари и коловози, со цел за одржување на јавната чистота на повисоко ниво.

 

општина Охрид