среда, ноември 27, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Целосно затворен за сообраќај во двата правци дел од улицата ,,АСНОМ,,

Попладнево е затворен дел за сообраќај во двата правци на улицата ,,АСНОМ,, во Охрид поради дефектот кој настана уште во текот на вчерашниот ден.

Како што претходно истакна на прес конференција градоначалникот Кирил Пецаков, инвеститорот ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид“, гради спротивно од одобрението за градење, при што инвеститорот узурпирал дел од соседната катастарска парцела и направил големо оштетување на улицата и водоводната мрежа.