АктуелноОхрид

(ФОТО) На базенот “Атина Бојаџи” после две децении државното првенство во пливање

Денес, утре и задутре, 15/16/17 јули, во Охрид на базенот “Атина Бојаџи” после две децении се одржува Државното првенство во пливање. Базенот овие три дена е затворен за користење.

„ЈП “Билјанини Извори” ги поканува сите љубители на пливањето и спортот генерално, да дојдат на градскиот базен и да уживаат во убавините на пливањето“, велат од ЈП.

На Државното првенство ќе учествуваат 17 клубови од Македонија со околу 400 пливачи. Трките од првенството ќе се одржат претпладне и попладне на 16 и 17 јули.

 

фото: Охрид 1