После 43 години работен стаж во ЈП Охридски Комуналец Охрид, дисциплинирано, принципиелно и многу позитивно, нашата колешка Гордана Фармакоска заминува во пензија. До денес, наша колешка, другарка, пријателка, а од утре пензионерка.
По доста време напорна работа, конечно ќе имаш малку време и за себе. Среќни сме за тебе, веруваме дека и понатака ќе зрачиш со својата енергија.
Нашето претпријатие и посакува среќни пензионерски денови, исполнети со здравје, среќа, радост, да биде секогаш позитивна и насмеана како со своите најблиски така и со пријателите и сите оние кои и значат во животот.
-информираат од ЈП Охрдски Комуналец.