АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Во понеделник ќе се прска против комарци, известување за пчеларите

Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014, 150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина   како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното  соопштение:

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид  дека  на   ден  11.07.2022 год.  (понеделник) ќе  се спроведе терестријална (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во понеделник до 06 часот во вторник.

Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до  комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.

Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат.

Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

 

општина Охрид