АктуелноОхрид

(ФОТО) Невремето вчера скрши дрво во Даљан

Вчара Охридско струшкиот регион беше зафатен со невреме. Силен дожд, електрични празнења како ветар. Невремето кое не траеше долго скрши дрво во населбата Даљан.
За денеска пак метеоролозите најавуваат сончево и топло, како и со мала до средна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Попладне ќе има нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, додека на места ќе има услови за појава на невреме со град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21 степен, додека максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

УВ индексот ќе биде = 8.

Временскиот период продолжува да биде многу топол, со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

фото: Охрид 1