вторник, ноември 26, 2024
АктуелноОхрид

Во 24 часа неколку тепачки низ Охрид

На 01.07.2022 година околу 01 часот на улицата „Спас Банџов“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир. Двајца Охриѓани нападнале сограѓанин. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.07.2022 околу 00.00 часот во охридското село Долно Лакочереј, полициски службеници од СВР Охрид го лишија жител од  Охрид. Тој, пред продажен објект во селото физички го нападнал друга Охриѓанец, по што, при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 30.06.2022 година во 13.35 часот, 48 годишен Охриѓанец во полициска станица пријави дека на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид бил физички нападнат од  жител од охридското село Велгошти. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.06.2022 година околу 19.30 часот во деловен објект лоциран на улицата „7 Ноември“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од 39 годишен Охриѓанец врз 19 годишен исто така жител од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

извор: СВР Охрид

фото: Архива