По најавите од управата за хидрометеоролошки работи за топлотниот бран
во периодот што ни претстои и поради зголемен број на реакции од
граѓани за недостиг на вода за пиење , ЈП ВОДОВОД Охрид испраќа апел
до сите корисници, а посебно во селата : Лескоец, Горно и Долно
лакочереј, Велгошти и Орман , да не се злоупотребува водата од
водоводната мрежа, за наводнување на земјоделските насади.
Воедно, со цел заштита на системот за водоснабдување, корисниците кои
регуларно и редовно ги извршуваат своите обврски кон претпријатието,
како и во согласност со сите законски регулативи, ЈП ВОДОВОД Охрид
спроведува акција за исклучување на диви приклучоци.
Дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за водоснадбување, член
23) и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор
на општината (Закон за водоснадбување, член 37), врз основа на што за
сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрената прекршочна
постапка за сторено кривично дело.
ЈП ВОДОВОД Охрид, потсетува дека со дивите приклучоци се нанесува
директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на
водоснадбувањето до сите корисници во градот и околината, стои во соопштението до ЈП Водовод Охрид.