АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Леонид од Охрид дел од македонската екипа на Јуниорската Балканска Математичка Олимпијада во Сараево

Покрај Леонид, во македонската екипа се и Дамјан Давков, ученик во IX одделение при ООУ „Ванчо Прке“ од Штип, Димитар Фидановски, ученик во I година при ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје, Марко Митевски, ученик во IX одделение при ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, Кисела Вода, Скопје, Марко Серафимовски, ученик во IX одделение при ООУ „Владо Тасевски“, Карпош, Скопје и Нина Ламева, ученичка во IX одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“, Аеродром, Скопје, заедно со Делчо Лешковски, како водач и Анастасија Трајанова, како заменик водач.

Олимпијадата се одржува во организација на Министерството за образование на Кантонот Сараево, Здружението на математичари на Кантонот Сараево и Асоцијацијата на математичари на југоисточна Европа (MASSEE).

ohridpress.com